Балкан

Два загрозени балкански риса забележани на Шар Планина

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) се смета за национален симбол на Северна Македонија и е еден од најретките цицачи во Европа

Dzihat Aliju  | 17.03.2026 - Обновена : 17.03.2026
 Два загрозени балкански риса забележани на Шар Планина

СКОПЈЕ (AA) - Два балкански риса, вид што е критично загрозен, неодамна се регистрирани во националниот парк „Шар Планина“ преку трап-камери.

Според видеоматеријалот објавен на социјалните мрежи од националниот парк „Шар Планина“, се потврдува присуството на овој редок вид.

„Имаме два нови балкански риса на Шар Планина! Со ова бројката порасна на 5 единки - доказ дека природата се враќа!“, пишува во објавата.

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) се смета за национален симбол на Северна Македонија и е еден од најретките цицачи во Европа.

Се проценува дека во природата останале помалку од 50 единки.

Националниот парк „Шар Планина“ претставува едно од клучните живеалишта на овој вид во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.