Fatih Hepokur
03 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Загрозениот вид желки „карета карета“ го започнаа своето патување до морето на плажата Мендирек во турската туристичка дестинација Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за заштита на морето на плажата Мендирек во подрачјето на Манавгат презедоа соодветни мерки за да осигураат изведените мали желки безбедно да стигнат до нивната дестинација, морето.
По двомесечен период на инкубација, „карета карета“ ги направија своите први чекори кон водите на Средоземното Море.
Мехмет Џенгиз Девал, членот на одборот на Центарот за заштита, рече дека центарот спроведува научни истражувања за морските желки во областа од 9,2 километри од местото каде што реката Манавгат се влева во морето во подрачјето на Сиде.
Околу нивните изненадувачки откритија, Девал рече: „Идентификувавме околу 340 гнезда со јајца на плажата Мендрирек од крајот на мај.“
„Оваа бројка има потенцијал да биде во првите три во споредба со другите 21 регистрирано место за гнездење во земјата.“
Истакнувајќи дека оваа густа област за гнездење треба да се следи повнимателно, Девал истакна дека тие сакаат областа од 9,2 километри да биде регистрирана како област за гнездење.
Додаде дека очекуваат бројката на гнезда на плажата оваа година да се зголеми на 400 и дека приближно 20.000 младенчиња „карета карета“ ќе стигнат до морето.