Mustafa Deveci
03 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије (Турција), Мевлут Чавушоглу, се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Пном Пен, главниот град на Камбоџа, каде што присуствува на Четвртиот трилатерален состанок на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во однос на средбата Чавушоглу на својот профил на Твитер напиша:
„Пред да заминам од Камбоџа, се сретнав со мојот руски колега Лавров. Разговаравме за прашањето за безбедна испорака на украинското жито и за регионалните случувања.“