Burç Eruygur
17 Март 2026•Ажурирај: 17 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали, денес ги демантираше медиумските извештаи дека врховниот водач Моџтаба Хамнеи бил пренесен во Москва за медицински третман откако наводно бил повреден во американско-израелскиот напад кон крајот на минатиот месец, пренесува Анадолу.
Во изјавата објавена на американската компанија за социјални медиуми Х, Џалали ги опиша наводите за трансферот на Хамнеи во Русија како „нова психолошка војна“.
„Иранските лидери немаат потреба да бегаат и да се кријат во засолништа. Нивното место е на улиците меѓу луѓето. Крвта на маченикот (тогашниот врховен водач Али) Хамнеи ја поништува магијата на психолошката војна и 'поплавата' од лаги“, изјави тој.
Повикувајќи се на висок официјален претставник близок до иранскиот врховен лидер, кувајтскиот весник „Ал Џарида“ во неделата објави дека Моџтаба Хамнеи бил ранет во американско-израелскиот напад на 28 февруари и бил пренесен во Москва на лекување.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера одби да ја коментира работата, велејќи: „Ние во ниеден случај не ги коментираме ваквите наводи.“