свет

Трамп: „Ќе го забраниме ‘TikTok‘ во САД“

Истакнувајќи дека долго време ги разгледувале мерките што треба да се преземат против „TikTok“, Трамп рече: „Ќе го забраниме ‘TikTok‘ во САД"

Dildar Baykan  | 01.08.2020 - Обновена : 02.08.2020
Трамп: „Ќе го забраниме ‘TikTok‘ во САД“

ВАШИНГТОН

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе потпише указ со кој се забранува користењето на кинеската платформа на социјалниот медиум „TikTok“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По неговата посета на државата Флорида, Трамп во авионот на враќање во главниот град Вашингтон даде изјава за медиумите.

Истакнувајќи дека долго време ги разгледувале мерките што треба да се преземат против „TikTok“, Трамп рече: „Ќе го забраниме ‘TikTok‘ во САД“.

Американскиот претседател рече дека во моментот на сила се економските мерки за итна состојба и додаде дека за забраната на платформата „TikTok“ или ќе ги искористи овие мерки кои се на сила или ќе потпише указ.

Исто така, тој додаде дека постои можност одлуката да се официјализира во сабота.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.