свет

Трамп ја поздрави одлуката на Бајден за повлекување од Авганистан

„Излегувањето од Авганистан е одлична и позитивна работа. Јас повлекувањето го планирав за 1 мај и треба овој процес да го завршиме што е можно поблизу до овој датум“, нагласи Трамп

Hakan Çopur   | 19.04.2021
Трамп ја поздрави одлуката на Бајден за повлекување од Авганистан

ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека одлуката на администрацијата на Џо Бајден за повлекување на американските трупи од Авганистан е прекрасна и позитивна, но трупите треба да се повлечат порано, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Трамп во писмената изјава во врска со повлекувањето на американските трупи од Авганистан рече дека чекорот на администрацијата на Бајден е многу позитивен.

„Излегувањето од Авганистан е одлична и позитивна работа. Јас повлекувањето го планирав за 1 мај и треба овој процес да го завршиме што е можно поблизу до овој датум“, нагласи Трамп.

Тој исто така додаде дека 11 септември, датумот планиран за процесот на повлекување, е лош Ден на жалоста во историјата на САД и треба да остане таков.

Поранешниот претседател Трамп, во договорот од февруари 2020 година со талибанците, во одредени услови вети дека американските трупи ќе се повлечат од Авганистан до 1 мај 2021 година.

Претседателот Бајден, кој ја презеде должноста на 20 јануари, соопшти дека распоредот за повлекување на околу 2.500 војници ќе започне на 1 мај и ќе биде завршен до 11 септември 2021 година.

Демократите во Конгресот на САД генерално го поддржуваат планот за повлекување на Бајден. Од друга страна повеќето републиканци наведуваат дека „САД Авганистан го остава во вакуум“ и дека „терористичките елементи таму повторно ќе се размножуваат.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın