Senita Sehercehajic
23 Декември 2025•Ажурирај: 24 Декември 2025
БЕЛГРАД (АА) - Србија има договор со Русија за продолжување на испораките на природен гас до 31 март следната година, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува Анадолу.
„Имаме договор за продолжување на испораките на гас за уште три месеци, до 31 март, за да може луѓето да бидат сигурни и мирно да спијат“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите по доделувањето договори за вработување на најдобрите дипломци на медицинските факултети и средните медицински училишта, што се одржа во Белград.
Како што изјави тој, Србија ќе „има и електрична енергија и доволно гас за претстојната зимска сезона“.
Договорот за гас што Србија моментно го има со Русија трае до крајот на оваа година.
Србија главно се снабдува со гас од Русија, а според достапните податоци, земјата годишно троши околу 2,5 милијарди кубни метри од овој енергент.