свет

Рускиот премиер ја критикуваше забраната на Агенцијата против допинг

- „Фактот што ваквите одлуки се повторуваат и често против атлетичарите кои веќе биле казнети, да не ги споменувам другите точки, ја дава идејата дека тоа претставува продолжение на антируската хистерија која стана хронична“, изјави Медведев

Elena Teslova  | 09.12.2019 - Обновена : 12.12.2019
Рускиот премиер ја критикуваше забраната на Агенцијата против допинг

МОСКВА

Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска рече дека одлуката на Светската агенција за борба против допинг (WADA) за суспендирање на Русија од големите спортски настани претставува „антируска хистерија“, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Агенцијата продолжува да ги повторува истите мерки“, изјави Медведев на состанокот со неговите заменици во Москва.

„Фактот што ваквите одлуки се повторуваат и често против атлетичарите кои веќе биле казнети, да не ги споменувам другите точки, ја дава идејата дека тоа претставува продолжение на антируската хистерија која стана хронична“, изјави Медведев.

Рускиот премиер призна дека руските спортови имаат проблеми со допингот, но дека очекува на одлуката на ВАДА да се поднесат жалби од страна на руските репрезентативци.

„Руските организации, надлежни во справувањето со овие прашања, ќе мора да размислат како може да се поднесе жалба против ваквата одлука“, изјави Медведев.

Денеска ВАДА ја објави својата одлука за забрана на Русија од меѓународните натпревари за четири години. Руските спортисти ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме, а на учесниците и претставниците на земјата ќе им биде забрането учество.

ВАДА, исто така ѝ забрани на Русија за време на истиот период да биде домаќин и да се кандидира за организирање на големи настани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.