Asiye Latife Yılmaz
16 Март 2026•Ажурирај: 16 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – На 12-годишнината од руската анексија на Крим преку „нелегитимен референдум“, Турција денес порача дека не ја признава „де факто ситуацијата на Крим“, оценувајќи дека таа претставува „кршење на меѓународното право“, јавува Анадолу.
„Силно поддржувајќи ги независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Турција ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на полуостровот и да го држи ова прашање на агендата, со посебно внимание на ситуацијата на кримските Татари“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, потег што меѓународната заедница, вклучително и Турција и Генералното собрание на ОН, го смета за нелегален.