свет

Руската Армија доби „голема серија“ борбени авиони Су-57 од петта генерација

Авионот поминал низ целосен циклус на фабрички испитувања пред воените пилоти да го оценат во различни оперативни режими

Elena Teslova  | 09.02.2026 - Обновена : 09.02.2026
Руската Армија доби „голема серија“ борбени авиони Су-57 од петта генерација

МОСКВА (АА) - Ростек денес објави дека борбените авиони од петтата генерација Су-57 се ставени во употреба во руската Армија, пренесува Анадолу.

Во соопштението издадено од Ростек се вели дека една од нејзините подружници, Обединетата корпорација за воздухопловство, произвела и испорачала голема серија авиони Су-57 со нова техничка конфигурација на руското Министерство за одбрана.

„Тие добија ажурирани системи и вооружен комплекс“, се вели во соопштението.

Авионот помина низ целосен циклус на фабрички испитувања пред воените пилоти да го оценат во различни оперативни режими, се наведува во соопштението.

Челникот на Ростек, Сергеј Чемезов, рече дека фабриките за воздухопловство јасно и навремено ги исполнуваат своите задачи за снабдување на Армијата со опрема, постојано надградувајќи ја врз основа на потребите и реалните борбени услови.

„Су-57 е импозантно оружје кое ја има докажано својата ефикасност на линијата на фронтот. Има многу уништени цели. Авионот од петтата генерација може да се користи дури и во средини со најнапредни непријателски системи за противвоздушна одбрана“, рече тој.

Обновените борбени авиони „станаа уште помоќни и поопасни“, додаде Чемезов.

„Денес, на Армијата ѝ предадовме машини кои станаа уште помоќни и поопасни“, рече тој.

Борбените авиони Су-57 се способни да извршуваат широк спектар борбени мисии. Авионот може да погодува цели во воздух, копно и на море, да работи деноноќно, вклучително и во сложени временски услови и под разни пречки. Неговата ниска видливост му овозможува да остане ефикасен и покрај спротивставувањето од современите системи за противоздушна одбрана.

Ростек е еден од најголемите државни одбранбени и индустриски конгломерати во Русија, играјќи централна улога во воено-индустрискиот комплекс, технолошкиот сектор и стратешкото економско планирање на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın