Муслиманските верници од земјите во регионот ја извршија Бајрамската молитва
Верниците се собраа на плоштадите и џамиите во главните градови на регионот и во други градови, за молитвата на еден од најголемите празници во исламската религија
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Муслиманските верници во Северна Македонија, Албанија и Косово утрово ја извршија Бајрамската молитва, со што се означува крајот на светиот месец на постот Рамазан, јавува Анадолу.
Верниците се собраа на плоштадите и џамиите во главните градови на регионот и во други градови, за молитвата на еден од најголемите празници во исламската религија.
Во Северна Македонија, централната програма се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопјe, каде што поради големиот број присутни верници, покрај внатрешниот простор, и дворот на џамијата беше исполнет со верници.
Во програмата организирана од Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, пред молитвата се изведуваа илахии на албански, турски и босански јазик.
Централната програма за Бајрамската молитвата во Албанија се одржа на плоштадот Скендербег во Тирана, со учество на илјадници граѓани. Програмата во Тирана вклучуваше и рецитирање на Куранот и проповед.
Програми по повод Рамазан Бајрам се одржаа и во други џамии во Тирана и во други градови низ Албанија.
Муслиманските верници во Косово, исто така, ја извршија Бајрамската молитва, со која се одбележува крајот на светиот месец Рамазан. Централната манифестација по повод празникот во Косово се одржа во Големата џамија во Приштина.
Молитвата ја водеше муфтијата на Косово, Наим Тернава, кој во оваа пригода им ја пренесе традиционалната порака на верниците. По верската церемонија, Исламската заедница на Косово ќе организира традиционален прием во своите простории во Приштина.
Голем број верници ја клањаа Бајрамската молитва и во Босна и Херцеговина и во останатите земји во регионот.
Рамазан Бајрам се смета за еден од најважните празници за муслиманските верници, симболизирајќи прошка, солидарност и семејно единство. Празникот се одбележува и со посети меѓу семејството и пријателите, како и размена на подароци.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
