НАТО и западните земји започнаа со испорака на оружје за Украина
Земјите на НАТО ќе испратат илјадници противтенковски и стотици проектили за противвоздушна одбрана во Украина, како и муниција

ПАРИЗ (АА) - НАТО и западните земји се согласија да испратат воена помош за Украина која веќе петти ден се соочува со руските напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјите на НАТО ќе испратат илјадници противтенковски и стотици проектили за противвоздушна одбрана во Украина, како и муниција.
Исто така, земјите од ЕУ одобрија снабдување со оружје на Украина во вредност од 450 милиони евра и заштитна опрема во вредност од 50 милиони евра.
Друга важна одлука на ЕУ е да ја поддржи украинската Армија со борбени авиони и гориво.
- Соединетите Американски Држави (САД) -
САД ќе ѝ дадат на Украина 350 милиони долари во оружје, вклучително и противтенковско оружје.
Државниот секретар Ентони Блинкен го одобри потегот. Со ова, американската поддршка за Украина во последната година надмина милијарда долари.
- Велика Британија -
Велика Британија, која ѝ испорача противтенковски проектили на Украина во јануари, одлучи да обезбеди дополнителен пакет воена поддршка што ќе го покрие одбранбеното оружје од смртоносна и несмртоносна категорија.
- Шведска -
Покрај лесното оружје, шведската Влада ќе ѝ обезбеди на Украина 5.000 парчиња противтенковско оружја АТ4, 5.000 челични панцирни елеци, 5.000 воени шлемови и храна за 135.000 војници.
- Германија -
Германија ја демонстрираше својата воена помош за Украина со обезбедување на 5.000 противтенковски и 500 ракети „Стингер“, како и 5.000 шлемови.
- Франција -
Франција ќе обезбеди помош во гориво за Украина, како и поддршка во воена опрема.
Како дел од НАТО, Франција ќе испрати 500 војници и оклопни возила до соседот на Украина, Романија, а четири воени авиони од моделот „Мираж 2000“ во Естонија.
Франција ќе испрати и 200-250 војници во Естонија.
Путин нареди воена интервенција во четвртокот, неколку дена откако ги призна двете енклави што беа под контрола на сепаратистите во источна Украина.
Оттогаш, најмалку 368.000 Украинци побегнаа во Полска, Унгарија, Романија, Молдавија и други земји, според Агенцијата на ОН за бегалци.
По нападот, западните земји воведоа и остри финансиски санкции против Москва.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.