свет

Русија: Третата рунда консултации со САД ќе се одржат многу наскоро

- „Третата рунда билатерални консултации за иритирачки прашања е неизбежна. Иако е прерано да се прецизира датум, се надевам дека рундата ќе се одржи многу наскоро“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков

Elena Teslova  | 10.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Русија: Третата рунда консултации со САД ќе се одржат многу наскоро

МОСКВА (АА) - Третата рунда руско-американски консултации ќе се одржат во блиска иднина, објави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, јавува Анадолу.

Иако не е одреден конкретен датум, постојат силни индикации дека настанот ќе се случи „многу наскоро“, изјави Рјабков за новинарите во рускиот туристички град Сочи.

„Третата рунда билатерални консултации за иритирачки прашања е неизбежна. Иако е прерано да се прецизира датум, се надевам дека рундата ќе се одржи многу наскоро“, рече тој.

Според него, и покрај одреден напредок, широк спектар прашања остануваат на дневен ред, „со различна тежина, иако ниту едно од нив не е едноставно во однос на САД“.

Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, Москва и Вашингтон одржаа два состанока во Истанбул - на 27 февруари и 10 април - за нормализирање на функционирањето на дипломатските мисии и подобрување на билатералните односи.

На последните консултации, страните се согласија да го поедностават режимот на движење за дипломатите и да го решат прашањето за конфискуваниот руски дипломатски имот во САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın