Земјите од НАТО ја зголемуваат воената поддршка за Украина
„Сојузниците на НАТО ја зголемуваат својата поддршка со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош.“

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека сојузниците на НАТО ја зголемиле воената и хуманитарната поддршка за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во изјавата споделена на својот профил на социјалните мрежи истакна дека остварил телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Истакнувајќи дека на Зеленски му ја изразил својата благодарност за храброста на украинската армија и народ, Столтенберг рече: „Сојузниците на НАТО ја зголемуваат својата поддршка со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош.“
Европската Унија (ЕУ), чии многу членки се и во НАТО, вчера најави дека ќе обезбедат воено оружје и помош во опрема за Украина во вредност од 500 милиони евра.
Исто така беше нагласено дека некои земји од ЕУ ќе испратат одредени модели на воени авиони во Украина, по негово барање.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.