свет

Мадуро: „Над 50 лица се приведени поради обид за саботирање на претстојните избори во Венецуела“

- Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека безбедносните сили успешно спречиле обиди за поттикнување насилство и поставување експлозиви како дел од поширока саботажа.

Alperen Aktaş  | 23.05.2025 - Обновена : 23.05.2025
Мадуро: „Над 50 лица се приведени поради обид за саботирање на претстојните избори во Венецуела“

БОГОТА (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неодамна се приведени повеќе од 50 лица поради наводи дека имале план да ги саботираат регионалните и парламентарните избори во недела, јавува Анадолу.

Говорејќи на митингот на партијата во главниот град Каракас вчера, Мадуро, кој положи заклетва за трет мандат во јануари, ги повика Венецуелците да излезат на гласачките места и да го дадат својот глас.

Тој рече дека безбедносните сили успешно спречиле обиди за поттикнување насилство и поставување експлозиви како дел од поширока саботажа.

Мадуро рече дека апсењата се извршени според добро спроведен план за зачувување на националниот мир и ја пофали армијата на својата земја за нејзината улога во операциите.

Приведените тој ги нарече „платеници“ и рече дека судството ќе преземе неопходни законски мерки против нив.

Во недела ќе бидат избрани 285 члена на Парламентот, 24 гувернери и 260 регионални пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.