Alperen Aktaş
23 Мај 2025•Ажурирај: 23 Мај 2025
БОГОТА (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неодамна се приведени повеќе од 50 лица поради наводи дека имале план да ги саботираат регионалните и парламентарните избори во недела, јавува Анадолу.
Говорејќи на митингот на партијата во главниот град Каракас вчера, Мадуро, кој положи заклетва за трет мандат во јануари, ги повика Венецуелците да излезат на гласачките места и да го дадат својот глас.
Тој рече дека безбедносните сили успешно спречиле обиди за поттикнување насилство и поставување експлозиви како дел од поширока саботажа.
Мадуро рече дека апсењата се извршени според добро спроведен план за зачувување на националниот мир и ја пофали армијата на својата земја за нејзината улога во операциите.
Приведените тој ги нарече „платеници“ и рече дека судството ќе преземе неопходни законски мерки против нив.
Во недела ќе бидат избрани 285 члена на Парламентот, 24 гувернери и 260 регионални пратеници.