Балкан

По 20-ти пат е одложена конститутивната седница на косовското Собрание

- Конститутивната седница на косовското Собрание денес беше одложена по 20-ти пат бидејќи немаше кворум за тајното гласање за претседател на Парламентот.

Oktaj Omeragikj  | 23.05.2025 - Обновена : 23.05.2025
По 20-ти пат е одложена конститутивната седница на косовското Собрание

СКОПЈЕ (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание денес беше одложена по 20-ти пат бидејќи немаше кворум за тајното гласање за претседател на Парламентот, известува Анадолу.

Претседавачот со косовското Собрание, Авни Дехари, првично истакна дека има кворум за седницата, која започна со 20 минути задоцнување.

Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Алијансата за иднината на Косово (АБК) и Српската листа не предложија свои членови за Комисијата за тајно гласање ниту на денешната седница.

Потоа Дехари ги повика пратениците да гласаат за одржување тајно гласање, на кое 53 пратеници гласаа „за“, а немаше гласови против и немаше воздржани.

Седницата и денес беше прекината поради немање кворум, а ќе продолжи на 25 мај во 11 часот.

Ова беше 20-ти обид за конституирање на косовското Собрание.

Откако претседавачот со Собранието, Авни Дехари, предложи да се премине на тајно гласање за избор на кандидатката на Самоопределување, Албуљена Хаџиу, за претседател на Парламентот, ДПК, ДСК, АБК и Српската листа не предложија членови од своите редови за формирање комисија за набљудување на тајното гласање.

Предлогот за тајно гласање ниту на претходните седници не ја доби потребната поддршка од 61 пратеник, поради што седниците беа прекинати поради немање кворум.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.