Мицкоски: „Посетата на Калас на Скопје e значајна порака дека ЕУ не го заборава овој регион“
- Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на прес-конференција истакна: „Посетата на Калас на Скопје e значајна порака дека Европската Унија не го заборава овој регион“

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, истакна: „Посетата на Калас на Скопје e значајна порака дека Европската Унија не го заборава овој регион“, известува Анадолу.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Калас, денес пристигна во Скопје во официјална посета на Северна Македонија.
Калас во Скопје се состана со премиерот Мицкоски, по што двајцата лидери им се обратија на медиумите на заедничка прес-конференција.
Премиерот Мицкоски во своето обраќање рече дека посетата на Калас на Скопје e значајна порака дека Европската Унија не го заборава овој регион.
„Ние припаѓаме на ЕУ затоа што со децении градиме демократско општество и добри односи со нашите соседи“, истакна премиерот Мицкоски и нагласи дека очекува појасна порака и поддршка од ЕУ.
„Европа може да смета на нас и сега е време и ние да сметаме на Европа“, посочи премиерот на Северна Македонија.
Премиерот Мицкоски беше запрашан дали би прифатил посредништво од која било друга земја кога во прашање е Бугарија, на што тој одговори:
„Секој што сака да посредува, ние сме подготвени да разговараме со него. Бев многу јасен, сакаме решение кое ќе биде достоинствено. Уморни сме од блокирања“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.