Балкан

Во Албанија започна гласањето за новиот состав на парламентот

- Гласачките центри се отворија во 07:00 часот, а процесот на гласање во 5.225 гласачки центри низ целата земја официјално ќе трае до 19:00 часот.

Oktaj Omeragikj  | 11.05.2025 - Обновена : 11.05.2025
Во Албанија започна гласањето за новиот состав на парламентот Фото: Олси Шеху / АА

ТИРАНА (АА) - Во Албанија започна процесот на гласање за парламентарните избори, на кои граѓаните со право на глас ќе го изберат новиот состав на Собранието кое брои 140 мандати, известува Анадолу.

Гласачките центри се отворија во 07:00 часот, а процесот на гласање во 5.225 гласачки центри низ целата земја официјално ќе трае до 19:00 часот

Во Албанија и во странство право на глас имаат 3.713.761 албански државјани, од кои 114.642 лица ќе гласаат за првпат.

Централната изборна комисија (ЦИК) потврди дека 53 политички партии се регистрирани како изборни субјекти за овие избори, вклучувајќи неколку нови партии, а во трката учествуваат и 3 предизборни коалиции.

Во Албанија има 12 изборни единици, а бројот на мандати на пратеници за секоја изборни единици варира од 3 мандати за регионот Кукс, до 37 мандати за регионот Тирана.

Главен новитет на овие избори е гласањето надвор од Албанија. Регистрираните 245.935 гласачи во странство својот глас на општите избори во Албанија ќе можат да го дадат во земјите во кои живеат. Процесот на гласање за гласачите во странство започна на 15 април и ќе заврши денес во 19:00 часот.

Изборите во Албанија ќе ги набљудува мисија од Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ. Свои набљудувачи ќе имаат и Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Европскиот парламент, како и од други национални и меѓународни организации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın