Балкан

Премиерот Рама гласаше на парламентарни избори во Албанија

- Премиерот Рама, заедно со неговата сопруга, Линда Рама, гласаше на избирачкото место кое се наоѓа во просториите на средното училиште во селото Сурел, на периферијата на Тирана.

Fatjon Cuka  | 11.05.2025 - Обновена : 12.05.2025
Премиерот Рама гласаше на парламентарни избори во Албанија Фото: Умејс Сулејман / АА

ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама гласаше на парламентарните избори на гласачкото место во селото Сурел во округот Тирана, известува Анадолу.

Премиерот Рама, кој е и претседател на владејачката Социјалистичка партија (СП), заедно со неговата сопруга Линда Рама, гласаше во просториите на средното училиште во Сурел.

Во изјава за медиумите по гласањето, Рама рече дека денес е зборот на народот и додаде дека прават сè за да ја направат Албанија дел од Европската Унија (ЕУ).

„Да почекаме и да видиме што ќе каже народот“, нагласи тој.

Во Албанија се одвива процесот на гласање на кој граѓаните со право на глас ќе го изберат новиот состав на албанскиот Парламент кој бори 140 пратенички места.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.