свет

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа

Израелски авиони бомбардираа позиции кои им припаѓаат на палестинските сили на отпорот во подрачјето на Муин, источно од градот Кан Јунис, во јужниот дел од Појасот Газа

Mustafa M. M. Haboush, Safiye Karabacak  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа

ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз две позиции на припадници на палестинските групи во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Израелски авиони бомбардираа позиции кои им припаѓаат на палестинските сили на отпорот во подрачјето на Муин, источно од градот Кан Јунис, во јужниот дел од Појасот Газа. Авионите ги бомбардирале и позициите на палестинските сили на отпорот во местото Зејтун, во јужниот дел на Газа.

Палестинското Министерство за здравство сè уште не се обрати со информации дали има повредени во нападот.

- Прв напад по примирјето -

Во соопштението на Израелската армија се наведува дека воздушниот напад е извршен како одговор на запалените балони испратени од Газа кон израелската страна.

Ова е првпат Израелската армија да изврши напад на Газа по прекинот на огнот на 21 мај.

Нападите што Израел на 10 мај ги започна врз Појасот Газа кој е под блокада, завршија на 21 мај, во согласност со примирјето постигнато со Хамас. Во израелските напади врз Газа извршени во тој период животот го загубија 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın