Балкан

Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел

- Комеморативната програма беше организирана во Скопје од страна на Здружението „Копру“, кај Споменикот на јуџелистите, отворен во 2021 година во Основното училиште „Тефејуз“

Dzihat Aliju  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел Dzihat Aliju/АА

СКОПЈЕ (АА) - По повод 78-годишнината од егзекуцијата на четворицата членови на движењето „Јуџел“ од страна на комунистичкиот режим на поранешна Југославија, во Скопје се одржа комеморативна програма, јавува Анадолу.

Комеморативната програма беше организирана во Скопје од страна на Здружението „Копру“, кај Споменикот на јуџелистите, отворен во 2021 година во Основното училиште „Тефејуз“, кое изведува настава на турски јазик.

На програмата организирана од Здружението „Копру“ присуствуваа претставници на турските и локалните институции и организации во земјата, како и поканети гости.

Претседателот на Здружението „Копру“, Хусрев Емин, во своето обраќање зборуваше за значењето на движењето „Јуџел“ и неговите членови.

Присутните положија рози пред споменикот и се помолија.

- Јуџелисти

Турците муслимани кои живееја во Македонија во 1937 година почнаа да се собираат и организираат за да ги зачуваат и одржат живи националните и духовните вредности, како и обичаите и традициите.

Во 1945 година, организацијата го доби името „Јуџел“, а функцијата претседавач ја имаше Шуајб Азиз-ефенди, кој учел во медресата на Атаула-ефенди во Скопје, а подоцна и на Универзитетот „Ал-Азхар“ во Египет.

Со напорите да се елиминираат сите националистички организации во Југославија, во 1947 година започна судскиот процес за 16 лица кои беа претходно уапсени. На 25 јануари 1948 година судот одлучи за нивна егзекуција, а на 27 февруари истата година со стрелачки вод се егзекутирани Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер. Во меѓувреме, на другите лица им беа одредени тешки затворски казни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.