свет

Израелската Армија уби 10 Палестинци, меѓу кои и мало дете во Појасот Газа

- Најмалку 10 лица се убиени, а неколку други се повредени во серијата израелски напади низ Појасот Газа од раните утрински часови денес, според медицински извори

Betül Yılmaz  | 07.07.2025 - Обновена : 07.07.2025
Израелската Армија уби 10 Палестинци, меѓу кои и мало дете во Појасот Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку 10 лица се убиени, а неколку други се повредени во серијата израелски напади низ Појасот Газа од раните утрински часови денес, според медицински извори, јавува Анадолу.

Шест лица, меѓу кои и едно мало дете, беа убиени, а 15 други повредени во напад насочен кон клиника претворена во засолниште во населбата Ал-Римал во градот Газа, изјави медицински извор за Анадолу.

Во јужниот дел на градот Газа, израелската Армија нападна стан во населбата Тел ал-Хава, при што е убиен еден Палестинец, а неколку други беа повредени, соопштија медицински извори и очевидци.

Медицински извор од Болницата на мачениците „Ал-Акса“ изјави дека три лица се убиени, а други се повредени кога израелската Армија нападнала куќа во бегалскиот камп Ал-Буреиџ во централниот дел на Појасот Газа.

Четири лица се здобиле со критични повреди откако израелската Армија погодила шатор во кој биле сместени раселени Палестинци во Деир ал-Балах, додаде изворот.

Израелската Армија во Газа од октомври 2023 година уби повеќе од 57.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа подоцна во текот на денот, рече дека верува оти прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас може да се случи оваа недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.