свет

Бројот на убиени Палестинци во Газа надмина 57.500

- Министерството на палестинската енклава истакна дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 105 тела, а 356 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 136.617.

Betül Yılmaz  | 07.07.2025 - Обновена : 07.07.2025
 Бројот на убиени Палестинци во Газа надмина 57.500

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 57.523 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.

Министерството на палестинската енклава истакна дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 105 тела, а 356 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 136.617.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 6.964 лица, а повредени се 24.576 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.