Изгорено човечко тело пронајдено по пожарот во Ѓорче Петров во Скопје
- При гаснењето, во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела на добиток, соопшти МВР на Северна Македонија.

СКОПЈЕ (АА) – Во пожарот што избувна вчера во близина на мостот на реката Лепенец, во околината на железничката станица Ѓорче Петров е пронајдено изгорено човечко тело, соопшти Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, јавува Анадолу.
Пожарот зафатил сува трева и се проширил на неколку помошни простории и штали со домашни животни.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.
При гаснењето, во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела на добиток, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.