МВР: Поради пожар прекинат сообраќајот на делницата Стенковец-ГП Блаце, затворен граничниот премин Блаце
МВР објави дека е во координација со другите надлежни институции во земјата и презема широки мерки за гасење на пожарот.

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија објави дека целосно е прекинат во двата правци сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и затворен е граничниот премин Блаце, известува Анадолу
МВР излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат во двата правци сообраќајот на патниот правец Стенковец - граничен премин Блаце.
Во соопштението се додава дека е затворен и граничниот премин Блаце.
МВР објави дека е во координација со другите надлежни институции во земјата и презема широки мерки за гасење на пожарот.
„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон граничниот премин Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, се наведува во соопштението на МВР.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.