Уште еден неуспешен обид за конституирање на Парламентот на Косово, новата седница закажана за два дена
- Претседавачот на седницата, Авни Дехари, истакна дека претставниците на ДПК, ДСК, АИК - НИСМА и Српска листа не предложиле свои кандидати за членови на Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот на Косово.

СКОПЈЕ (АА) - Неуспешен беше и денешниот 43. обид за конституирање на Собранието на Косово, известува Анадолу.
Претседавачот на седницата, Авни Дехари, истакна дека претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српска листа не предложиле свои кандидати за членови на Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот на Косово.
Конститутивната седница на Собранието на Косово е одложена по 43. пат, а следната е закажана за два дена, на 9 јули.
Повеќе од два и пол месеци, од 15 април, нема договор во Парламентот за избор на претседател на Собранието на Косово. Опозицијата не ја сака на таа позиција кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџиу, а од друга страна, пак, нејзината партија не се откажува од неа.
По неколку неуспешни обиди за избор на Хаџиу, Движењето Самоопределување предложи тајно гласање, но опозицијата се противи и на тоа.
Од потребните 61 глас, кандидатката на Самоопределување, Хаџиу, за претседателка на Собранието на Косово, досега нема добиено повеќе од 57 гласа, од кои 48 се од Самоопределување и 9 од пратениците од заедниците.
Првата конститутивна седница се одржа на 15 април.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.