свет

Заврши трилатералниот Самит меѓу Ердоган, Зеленски и Гутереш во Лавов

- Самитот траел 40 минути и бил затворен за медиумите.

Zafer Fatih Beyaz  | 18.08.2022 - Обновена : 19.08.2022
Заврши трилатералниот Самит меѓу Ердоган, Зеленски и Гутереш во Лавов Фото: Мурат Четинмухурдар / Претседателство на Туркије

ЛАВОВ

Заврши трилатералниот Самит меѓу претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, украинскиот претседател Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Агенција Анадолија (АА).

Трилатералниот Самит се одржа во палатата Поточки во Лавов.

Се истакнува дека самитот траел 40 минути и бил затворен за медиумите.

Од турската делегација, на самитот биле присутни и министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

Пред трилатералниот Самит, турскиот претседател Ердоган имаше одделна средба со Зеленски.

Според соопштеното, на Самитот се разговара за прашањата во врска со Руско-украинската војна.

Се очекува по трилатералниот Самит да се одржи заедничка прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.