свет

Во пресрет на Исламскиот самит: Ердоган разговараше со гамбискиот претседател Бароу

- Ердоган и Бароу во телефонски разговор зборувале за билатералните односи меѓу Туркије и Гамбија и дека разговарале за израелските напади врз Палестина и за Исламскиот самит што ќе се одржи на 4 и 5 мај во Банџул.

Fatma Sevinç Çetin  | 02.05.2024 - Обновена : 03.05.2024
Во пресрет на Исламскиот самит: Ердоган разговараше со гамбискиот претседател Бароу

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со претседателот на Гамбија, Адам Бароу, кој ќе биде домаќин на 15. Исламски самит, јавува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации соопшти дека Ердоган и Бароу во телефонски разговор зборувале за билатералните односи меѓу Туркије и Гамбија и дека разговарале за израелските напади врз Палестина и за Исламскиот самит што ќе се одржи на 4 и 5 мај во Банџул.

Ердоган за време на разговорот истакна дека е важно исламскиот свет да дејствува обединето, со цел да се запрат израелските напади врз Газа и да се обезбеди почитување на одлуките на Обединетите нации.

Изразувајќи надеж дека преговорите и одлуките од Исламскиот самит ќе бидат корисни, Ердоган рече дека Туркије праќа делегација на самитот предводена од министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Ердоган, исто така, рече дека може да се преземат одредени заеднички чекори за подобрување на односите меѓу Туркије и Гамбија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın