свет

Грузија: Масовен протест против нацрт-законот за „транспарентност на странско влијание“

- „Повеќе од 90 отсто од финансирањето на невладините организации што работат во Грузија не е транспарентно“, изјави неодамна Мамука Мдинараџе, лидерот на парламентарното мнозинство

Davit Kachkachishvili  | 02.05.2024 - Обновена : 03.05.2024
Грузија: Масовен протест против нацрт-законот за „транспарентност на странско влијание“ Фото: Миријан Меладзе

ТБИЛИСИ (АА) – Илјадници демонстранти протестираа синоќа во Тбилиси против предложениот нацрт-закон за „транспарентност на странско влијание“, а безбедносните сили интервенираа кога демонстрантите го блокираа влезот на зградата на Парламентот, јавува Анадолу.

Илјадници демонстранти се собраа околу зградата на Парламентот и реагираа на усвојувањето на законот на второто гласање.

Безбедносните сили интервенираа со бибер спреј и водени топови.

Демонстрантите фрлаа разни предмети кон полициските тимови стационирани во внатрешниот двор на зградата на Парламентот.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Грузија, Александар Даракхвелиџе, ги обвини демонстрантите дека се обиделе да влезат во зградата на Парламентот без дозвола. Тој најави дека во последните два дена во инциденти се повредени седум полицајци.

Нацрт-законот за „транспарентност на странско влијание“, кој во Парламентот го предложи владејачката Партија на грузиски сон, вчера беше изгласан на второто гласање. Нацрт-законот мора да биде одобрен трипати во Парламентот за да биде прифатен како закон.

Лидерот на парламентарното мнозинство Мамука Мдинараџе неодамна изјави дека повеќе од 90 отсто од финансирањето на невладините организации што работат во Грузија не е транспарентно.

Тој наведе дека е невозможно да се добијат транспарентни информации за финансирањето на институции како што се невладини организации и медиуми што во неговата земја го обезбедуваат меѓународните финансиски институции.

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе рече дека работат отворено и транспарентно како Влада и дека сите невладини организации во неговата земја, исто така, треба да работат транспарентно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın