свет

Во Израел допатува првиот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати

„Првиот амбасадор од Емиратите, Мохамад Махмуд ал Кајах, допатува на аеродромот Бен Гурион“, објави порталот „The Israel“, кој е поврзан со израелското Министерство за надворешни работи.

Ekip   | 01.03.2021
Во Израел допатува првиот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати

АНКАРА

Првиот именуван амбасадор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Израел денес допатува во Тел Авив, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Првиот амбасадор од Емиратите, Мохамад Махмуд ал Кајах, допатува на аеродромот Бен Гурион“, објави порталот „The Israel“, кој е поврзан со израелското Министерство за надворешни работи.

Истиот извор јавува дека Ал Кајах веќе денес ќе му го предаде акредитивното писмо на израелскиот претседател Реувен Ривлин.

Ал Кајах минатиот месец е именуван за прв амбасадор на ОАЕ во Израел.

Од друга страна, Израел за шеф на привремената дипломатска мисија во Дубаи го именуваше Еитан На’ех.

Властите на Обединетите Арапски Емирати и Израел на 15 септември минатата година со посредство на Соединетите Американски Држави (САД) потпишаа договор за нормализација на односите. Церемонијата во Белата куќа предизвика остри критики кај палестинското раководство, кое порача дека нормализацијата на односите со Израел претставува предавство на палестинското прашање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın