свет

Најголемиот носач на авиони во светот пристигна до брегот на Израел

- Во медиумскиот извештај се наведува дека носачот на авиони пристигнал откако 20 американски авиони за полнење гориво синоќа слетале во Израел

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
 Најголемиот носач на авиони во светот пристигна до брегот на Израел

ЕРУСАЛИМ (АА) - Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“, најголем во светот, денес пристигна до брегот на Израел, објави израелскиот „Канал 12“, јавува Анадолу.

Американската војска не даде официјално соопштение.

Во медиумскиот извештај се наведува дека носачот на авиони пристигнал откако 20 американски авиони за полнење гориво синоќа слетале во Израел.

Израелската радиодифузна агенција претходно објави дека пристигнале четири американски авиони за полнење гориво KЦ-46A Пегасус на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.

Во извештаите се вели дека овие пристигнувања се дел од зајакнувањето на американската воена база во регионот, поради можноста за воен напад врз Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.