Велика Британија во 2021 година преминува на нов миграциски систем
- Според новиот систем, оние што сакаат да работат во Велика Британија ќе бидат подложни на систем на бодување како во Канада и Австралија.

ЛОНДОН
Велика Британија во 2021 година ќе премине на нов миграциски систем базиран на принципот на бодување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, соопшти дека новиот систем ќе стапи во сила на 1 јануари 2021 година. Пател истакнува дека станува збор за историска одлука за земјата.
„Го прекинуваме слободното движење, ја враќаме контролата над нашите граници и ги исполнуваме приоритетите на луѓето, така што ќе воведеме нов миграциски систем во Обединетото Кралство базиран на бодување, што ќе го намали вкупниот број мигранти“, изјави Пател.
Таа порача дека ќе ги зајакне економијата и заедниците и ќе го привлече најпрекрасното и најдоброто од деловите низ светот и на тој начин ќе го оствари целосниот потенцијал на земјата.
Според новиот систем, оние што сакаат да работат во Велика Британија ќе бидат подложни на систем на бодување како во Канада и Австралија.
Посебно внимание ќе биде посветено на познавањето на англискиот јазик, на квалификациите и нивото на степен на образование. Истиот критериум ќе важи и за државјаните на Европската Унија (ЕУ) и за оние што не се од ЕУ.
Предност ќе имаат висококвалификувани работници, меѓу кои научници, инженери и академски работници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.