свет

Палестинска акција ја доби правната битка против забраната за „терористичка организација“

- Худа Амори ја оспори забраната пред Високиот суд во Лондон, каде што судиите пресудија дека забраната на групата е незаконска според Законот за тероризам.

İlayda Çakırtekin  | 13.02.2026 - Обновена : 13.02.2026
Палестинска акција ја доби правната битка против забраната за „терористичка организација“

ИСТАНБУЛ (АА) – Коосновачот на групата Палестинска акција извојува победа во правната постапка во Обединетото Кралство против забраната со која групата беше прогласена за „терористичка организација”, јавува Анадолу.

Худа Амори ја оспори забраната пред Високиот суд во Лондон, каде што судиите пресудија дека забраната на групата е незаконска според Законот за тероризам.

„Високиот суд пресуди дека забраната на Палестинска акција е незаконска бидејќи не е пропорционална со слободата на говор, а министерот за внатрешни работи ја прекрши сопствената политика“, порача Худа Амори преку американската платформа за социјални медиуми Х.

„Судот нареди да се поништи забраната. Деталите за укинување на забраната ќе бидат спроведени во подоцнежна фаза.“

Генерално, судот во резимето објавено на неговата веб-страница, забраната на групата ја нарече „непропорционална“ и посочи дека „природата и обемот на нејзините активности што спаѓаат во дефиницијата за тероризам сè уште не го достигнале нивото и обемот што би ја оправдале забраната“.

Сепак, Палестинска акција ќе остане забранета со цел да се овозможат дополнителни правни аргументи, вклучително и можна жалба од Владата.

Според Законот за тероризам, во јули минатата година групата Палестинска акција беше забранетаоткако нејзини членови влегле во базата на Кралските воздухопловни сили, каде што со спреј општетиле два авиона, предизвикувајќи штета од 7 милиони фунти (9,44 милиони долари), според податоците на полицијата. Оттогаш низ Обединетото Кралство приведени се стотици пропалестински активисти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.