свет

Британската полиција соопшти дека по пресудата повеќе нема да врши апсења за поддршка на Палестинска акција

- Судиите наведоа дека забраната е „не е пропорционална“ и дека „природата и обемот на активностите што спаѓаат под дефиницијата за тероризам сè уште не достигнале ниво и обем што би ја оправдале забраната“

Aysu Biçer  | 13.02.2026 - Обновена : 13.02.2026
Британската полиција соопшти дека по пресудата повеќе нема да врши апсења за поддршка на Палестинска акција

ЛОНДОН (АА) - Лондонската Метрополитен полиција денес соопшти дека ќе се даде приоритет на собирањето докази наместо на апсењето по одлуката на Високиот суд дека забраната на Палестинска акција од страна на британската Влада, според Законот за тероризам е нелегитимна, јавува Анадолу.

Судиите наведоа дека забраната е „не е пропорционална“ и дека „природата и обемот на активностите што спаѓаат под дефиницијата за тероризам сè уште не достигнале ниво и обем што би ја оправдале забраната“.

Сепак, засега групата ќе остане забранета за да се овозможат дополнителни правни аргументи. Владата соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката.

Во соопштението објавено по судската одлука, полицијата предупреди дека забраната за групата останува на сила и дека изразувањето поддршка за групата и понатаму претставува кривично дело.

Лондонската полицијата потврди дека „невообичаените околности“ може да предизвикаат забуна кај јавноста околу тоа што следува.

Во соопштението се вели дека полициските службеници „ќе продолжат да ги бележат прекршоците за изразување поддршка за Палестинска акција, но ќе се фокусираат на акумулирањето докази за сторените прекршоци и сторителите, со цел да се овозможи спроведување на законот во подоцнежна фаза наместо да се приведуваат”.

„Ова е најсоодветниот пристап што може да го преземеме, имајќи ја предвид одлуката на судот, додека постапката сè уште не е целосно завршена.“

„Овој пристап се однесува исклучително на изразување поддршка за групата Палестинска акција. Ќе продолжиме да интервенираме и да приведуваме кога луѓето ќе ја преминат границата од законит протест кон заплашување, оштетување имот, употреба на насилство, поттикнување расна омраза или извршување други прекршоци.“

Во јули минатата година групата Палестинска акција доби забрана откако членови на оваа група влегоа во база на Кралските воздухопловни сили, каде што со спреј исцртаа два авиона. Забраната беше оспорена од коосновачката на групата Худа Амори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.