Ердоган - Путин: Додатно продолжување на соработката помеѓу Турција и Русија
Според наводите на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган му честитал на Путин за неговиот реизбор за претседател на државата
Ankara
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин остварија телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган му честитал на Путин за неговиот реизбор за претседател на државата.
Освен тоа, двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, како и за трилатералниот самит за Сирија што ќе се одржи во април, во Истанбул.
Ердоган и Путин, исто така, ја истакнале својата решеност за додатно зајакнување на соработката меѓу двете земји.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.