Шпанија: Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 28.628
Денес во Шпанија, со исклучок на Каталонија, починаа 56 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 28.628

МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа починаа 56 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 28.628 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Денес во Шпанија, со исклучок на Каталонија, починаа 56 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 28.628.
Во последните 24 часа откриени се 446 случаи со овој вирус, со што вкупниот број на случаи во земјата порасна на 234.824.
Фернандо Симон, претставник од Министерството за здравство на Шпанија, нагласи дека пандемијата продолжуваат да ја држат под контрола.
Според Симон, важно е што во последните 6 дена бројот на починатите е помал од 100.