Балкан

Уапсен возачот на трамвајот по тешката несреќа во Сараево

Несреќата се случи вчера околу 12 часот кога трамвајот, движејќи се од правец на Железничката станица, со голема брзина влегол на раскрсницата кај Техничкото училиште...

Elvır Hodzıc  | 13.02.2026 - Обновена : 13.02.2026
 Уапсен возачот на трамвајот по тешката несреќа во Сараево

САРАЕВО (АА) - Полициските службеници на полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево го уапсија возачот на трамвајот А.К. (1978), осомничен за одговорност во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на Техничкото училиште во Сараево, во која едно лице загина, а четворица се повредени, јавува Анадолу.

Возачот е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај во врска со кривичното дело загрозување на јавниот сообраќај и моментно се наоѓа во службените простории на Министерството за внатрешни работи на Кантон Сараево.

Несреќата се случи вчера околу 12 часот кога трамвајот, движејќи се од правец на Железничката станица, со голема брзина влегол на раскрсницата кај Техничкото училиште. Притоа, излетал од шините, удрил во трамвајската станица и во пешаци.

На местото на несреќата загина 23-годишниот Ердоан Моранкиќ, студент од Брчко.

Во несреќата се повредени четири лица. Со најтешки повреди се здоби седумнаесетгодишна девојка, која е хоспитализирана во општата болница „Прим. д-р Абдула Накаш“.

По несреќата ампутирана ѝ е ногата, а болницата потврди дека интензивниот реанимациски третман и терапија продолжиле во текот на ноќта и утрото.

Истрагата на местото на несреќата траеше речиси десет часа, по што оштетениот трамвај е отстранет и пуштен е сообраќајот.

Министерот за транспорт на Кантонот Сараево, Аднан Штета, порача дека ќе инсистира на целосна одговорност и санкционирање на сите што придонеле за несреќата, нагласувајќи дека откако ќе заврши истрагата и ќе се утврдат сите факти и евентуални пропусти, одговорните ќе бидат јасно именувани.

Обвинителството на кантонот Сараево објави дека ќе бидат спроведени сите потребни вештачења за да се утврдат околностите за оваа трагедија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın