свет, Коронавирус

Русија: Во изминатите 24 часа потврдени повеќе од 5.240 нови случаи на Ковид-19

Стапката на пораст на новозаразени на дневно ниво изнесува 0,6 отсто, додека кај повеќе од 27,1 отсто од новите случаи станува збор за асимптоматски пациенти

Ali Cura   | 07.08.2020
Русија: Во изминатите 24 часа потврдени повеќе од 5.240 нови случаи на Ковид-19

МОСКВА

Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 5.241 нов случај на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 877.135, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 соопшти дека во истиот период борбата со Ковид-19 ја изгубиле 119 лица и дека вкупниот број на починати изнесува 14.725.

Во текот на изминатиот ден се излекувани 7.235 лица кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани е зголемен на 683.592.

Стапката на пораст на новозаразени на дневно ниво изнесува 0,6 отсто, додека кај повеќе од 27,1 отсто од новите случаи станува збор за асимптоматски пациенти.

Руската служба за заштита на јавното здравје и потрошувачките права соопшти дека во текот на изминатиот ден се извршени околу 321.000 тестирања, а дека од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 30 милиони примероци.

Првиот случај на Ковид-19 во Русија е забележан на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март. Мерките преземени со цел спречување на ширењето на Ковид-19 се ублажени на подрачјата каде што е забележан пад на бројот на заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın