живот

Двајца млади Германци на пат околу светот со велосипед

Досега минале низа земји во кои се соочиле со многу интересни ситуации, а посебно ги воодушевило гостопримството во Турција

Hasan Yılmaz  | 17.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Двајца млади Германци на пат околу светот со велосипед

КАСТАМОНУ (АА) - Двајца млади Германци на пат околу светот тргнаа од Германија, а пристигнувајќи во Кастамону, Турција, разговараа со новинарот на Агенција Анадолија (АА).

Наставникот по музичка култура во Берлин, Ликас Флевинг (25), и економистката Кимберли Вирт (25) на ова патешествие тргнале пред околу пет месеци.

Досега ја минале Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија, а на патувањето до Куба сакаат да запознаат различни луѓе и различни култури.

По Турција, Флеминг вели дека ќе патуваат низ Грузија, Азербејџан, Иран, Непал, Индија, Бангладеш, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Виетнам, од каде што со авион ќе заминат за Мексико.

Нивната авантура завршува во Куба, а ќе минат пат во должина од 18.000 километри.

Вирт вели дека досега минале низа земји во кои се соочиле со многу интересни ситуации, а посебно ги воодушевило гостопримството во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.