Германија гo продолжи мандатoт на мисијата КФОР
- Мисијата КФОР, која трае веќе 26 години, во моментов е најдолготрајна странска операција на германската армија. Германија, која во моментов има околу 300 војници во Косово, ќе може да распореди до 400 војници во оваа мисија.

БЕРЛИН (АА) - Германија го продолжи мандатот на мисиите на НАТО за мировни сили на Косово (КФОР) и на Привремените мировни сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, известува Анадолу.
Германскиот Парламент ја одобри одлуката на Владата за продолжување на мандатот на вооружените сили на КФОР во Косово и на трупите на УНИФИЛ во Либан за уште една година.
За мисијата КФОР „за“ гласаа 391 пратеник, 189 гласаа „против“ и двајца беа воздржани.
На гласањето одржано во Федералното собрание, „за“ мисијата УНИФИЛ гласаа 393 пратеници, 180 пратеници гласаа „против“, а двајца пратеници беа воздржани.
Како дел од мисијата КФОР, германските вооружени сили се наоѓаат во Косово од јуни 1999 година.
Оваа мисија, која трае веќе 26 години, во моментов е најдолготрајна странска операција на германската армија. Германија, која во моментов има околу 300 војници во Косово, ќе може да распореди до 400 војници во оваа мисија.
Германија би можела да испрати и до 300 војници во мисијата УНИФИЛ. Во моментов има околу 100 германски војници во оваа мисија.
Поморските сили на ОН во овој период се под команда на германски адмирал.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.