Турција, економија

„Договорот за либерализација на трговијата ќе ги зајакне турско-американските односи“

На обраќањето на 38. Американско-турска конференција, турската министерка Пекџан изјави дека ентузијазмот и поддршката на деловните субјекти ќе бидат од клучно значење за да се постигне обем на трговска размена од 100 милијарди долари

Tuba Şahin  | 23.09.2020 - Обновена : 24.09.2020
„Договорот за либерализација на трговијата ќе ги зајакне турско-американските односи“

АНКАРА (АА) - Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, денеска изјави дека билатералниот договор меѓу Турција и САД за заемно либерализирање на трговијата во одредени сектори ќе даде добар поттик на билатералните врски, јавува Агенција Анадолија (АА).

На обраќањето на 38. Американско-турска конференција, одржана виртуелно поради пандемијата, Пекџан изјави дека ентузијазмот и поддршката на деловните субјекти ќе бидат од клучно значење за да се постигне обем на трговска размена од 100 милијарди долари.

Целта беше поставена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп во јуни 2019 година.

„Верувам дека мора да постигнеме брз напредок кон целта. Во оваа смисла, многу е вредно зајакнувањето на вмрежувањето меѓу нашите деловни заедници“, рече Пекџан.

Но, таа се спротивстави на тоа како некои американски политики ја стеснуваат можноста на турските фирми да влезат на американскиот пазар, како што се дополнителните давачки за челик и отстранувањето на Турција од Генерализираниот систем на преференции.

„Ние веруваме дека тие се во спротивност со заедничката визија на двајцата претседатели и нашите напори и работа со секретарот за трговија, Вилбур Рос“, рече Пекџан.

Пекџан ги истакна силните врски меѓу САД и Турција кои помагаат да се издржат предизвиците поради пандемијата на Ковид-19.

Посочувајќи на подобрување на билатералните трговски и деловни односи, Пекџан рече дека во првите осум месеци од оваа година обемот на трговска размена се зголемил за 3,5 отсто на годишно ниво.

„Околу 2.000 американски компании работат во Турција со вкупна тековна инвестиција од 12,8 милијарди долари, додека странските директни инвестиции на земјата во САД изнесуваат вкупно 6,8 милијарди долари, бројка која што расте речиси секој ден“, нагласи таа.

„И покрај тоа што забележавме значителен обем на трговска размена и инвестиции во последната деценија, тоа сè уште не е доволно, со оглед на потенцијалот на двете земји“, нагласи Пекџан.

Таа истакна дека Турција обезбедува изобилство можности за пристап до пазарот и дека е целосно посветена на градење на посилно, поконкурентно и либерално деловно опкружување во споредба со другите земји во развој.

„Робусната производствена инфраструктура на Турција е привлечна за американските инвеститори кои може да размислат за диверзификација на нивните производствени бази“, рече Пекџан, додавајќи дека земјата силно ги охрабрува иновативните компании со интензивно истражување и развој на производи со висока додадена вредност и инвестиции поврзани со услугите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın