Турција

Турскиот министер за надворешни работи на 32. Министерски совет на ОБСЕ во Виена

Фидан им се обрати на своите колеги за време на собирот на високо ниво во австриската престолнина

Can Efesoy  | 04.12.2025 - Обновена : 04.12.2025
Турскиот министер за надворешни работи на 32. Министерски совет на ОБСЕ во Виена Фото: Ahmet Serdar Eser/AA

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес присуствува[e на 32. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Виена, јавува Анадолу.

Фидан им се обрати на своите колеги за време на собирот на високо ниво во австриската престолнина, соопшти Министерството за надворешни работи на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.

Дипломатски извори соопштија дека тој, исто така, имал средба со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер на маргините на настанот.

Двајцата разговараа за неодамнешните случувања во врска со преговорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.

За време на состанокот тие, исто така, ги разгледаа односите меѓу Турција и ЕУ. Фидан истакна дека членството во ЕУ останува стратегиска цел за Турција и го повтори очекувањето на Анкара дека блокот ќе отвори нови поглавја за преговори за пристапување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.