Балкан

Средба Фидан-Конаковиќ во Виена: Турција и Босна и Херцеговина негуваат силно партнерство

Нагласено е дека Босна и Херцеговина и Турција негуваат силно партнерство засновано врз доверба и дека двете земји работат заедно за стабилен, просперитетен и мирен Балкан

Kemal Zorlak  | 04.12.2025 - Обновена : 04.12.2025
Средба Фидан-Конаковиќ во Виена: Турција и Босна и Херцеговина негуваат силно партнерство Фото: МНР на БиХ

САРАЕВО (АА) – Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ денес во Виена разговараше со турскиот колега Хакан Фидан, потврдувајќи дека двете земји негуваат силно партнерство, јавува Анадолу.

Конаковиќ и Фидан разговараа пред седницата на Министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, а Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина на американската компанија за социјални мрежи Х изјави дека Конаковиќ имал пријателски и конструктивен разговор со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

Во објавата е истакнато дека Босна и Херцеговина и Турција негуваат силно партнерство засновано врз доверба и дека двете земји работат заедно за стабилен, просперитетен и мирен Балкан, како и за зајакнување на безбедноста низ цела Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.