Балкан

Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе

На настанот присуствуваа поранешниот претседател на Северна Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на локалните медиуми и гости

Dzihat Aliju  | 04.12.2025 - Обновена : 04.12.2025
Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе Фото: Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денес се одржа настан по повод 5 декември, Светскиот ден на турското кафе, јавува Анадолу.

Поранешниот претседател на Северна Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на локалните медиуми и гости присуствуваа на настанот што се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопјe.

Амбасадорот Фатих Улусој им даде информации на гостите за турското кафе и им се заблагодари за учеството.

Тука гостите имаа можност да дегустираат турско кафе, како и храна и пијалаци специфични за турската кујна.

Секоја година во Турција и во многу други земји низ светот се одржуваат настани за турското кафе, кое беше вклучено во Листата на нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.