Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 28 лица, регистрирани 1.093 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 28 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјава се искачи на 1.658.

Admir Fazlagic  | 27.11.2020 - Обновена : 29.11.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 28 лица, регистрирани 1.093 нови случаи ( Foto: Arhiva / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.093 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во државата достигна 59.701, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 28 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјава се искачи на 1.658.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјава изнесува 36.825.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.218

Досега во земјата се направени вкупно 325.959 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 3.084 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın