Özcan Yıldırım
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција и претседател на Партијата на правдата и развојот, Бинали Јилдирим, по референдумот за уставни промени, вечерва во Анкара изјави дека победи народот и демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секако дека ќе имаме различни мислења, различни предлози за решавање, но на крајот, нашето единство и заедништво ќе ги штитиме како нашите очи. Убавината на нашата демократија е токму тоа. Поседувањетo на различни ставови и мислења, во никој случај не значи супериорност на едни над други", рече Јилдирим.
„Со овој избор, нашиот народ го даде најдобриот одговор на терористичката организација која се обиде да направи подмолен државен удар од 15. јули, на сепаратистичката терористичка организација и на странските фактори, кои се непријатели на Турција“, истакна Јилдирим.
Тој во своето обраќање продолжи со зборовите: „Сега ќе гледаме напред, ќе си ја гледаме работата, сега ќе гледаме кон далечните хоризонти, кон светлите утра на нашиот народ. До изборите во 2019 година ќе ги направиме потребните подготовки и работејќи ќе ги спроведеме првите парламентарни избори во новиот раководен систем.
Тој истакна дека оние кои сакааат да ѝ наштетат на Турција денеска доживеаја пораз.
„Во текот на овој период, оние кои сакале да се мешаат во Турција, оние кои сакаат да ѝ наштетат, денес доживеаја пораз. Не се случи тоа што го рекоа тие, туку тоа што го рекоа Турција и нејзиниот народ“, рече Јилдирим.