A. Eda Ünlü Özen
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на турската владеачка Партија за правда и развој (АК Parti) и премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, најави дека на предвремениот Kонгрес на партијата, кој е закажан за 22-ри мај, не размислува да се кандидира за претседател на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу, по состанокот на конгресот на Централниот извршен комитет (MYK) одржа прес-конференција.
Во изјавата Давутоглу потсети за работата на владата и истакна дека какви и да се донесените одлуки, до последен момент ќе ја извршува својата обврска на врвот. Премиерот Давутоглу истакна, "Во рамките на донесените решенија денеска, особено на оние од синоќа, ги предупредувам сите да се откажат од шпекулации околу нашите економски придобивки. По одлуките кои што ги донесовме деновиве, што и да се случи, имаме влада која ќе ги извршува своите обврски до последниот момент и никој да не се обиде да си поигрува со стабилноста на нашата економија."
За одлуката на Централниот извршен комитет на АК партијата да се оди на вонреден конгрес како и за неговата одлуката да не учествува како кандидат за претседател на партијата, Давутоглу изјави:
„Нашиот период беше период на успеси. Оваа моја одлука во никој случај не претставува одлука поради чувство на неуспех. Својата обврска ја извршував праведно и достоинствено”.
Во врска со единството на партијата Давутоглу порача:
„Доколку некој сака да направи јаз во партијата, или поради одредени настани и случувања го одвои патот од партијата, спроти него прво јас ќе застанам. Во овој период барам членството поради развојот на настаните да не ја напушта партијата под изговор дека се чувствува нелагодно”.
„Турција која е предмет на закани од многу внатрешни и надворешни предавнички мрежи, би сакал да истакнам дека под овие околности нема да бидам кандидат на предвремениот Конгрес на партијата, но како пратеник на АК партијата и како војник на партијата до последен момент ќе продолжам да чекорам во политичката борба за демократија”, истакна Давутоглу.
За својата верност кон партијата и претседателот Ердоган додаде:
„Каков и да е развојот на настаните ќе останам верен на зборот кој го дадов. До последниот здив ќе му останам верен на Претседателот на државата. Никој од мене не чу ниту еден лош збор за Претседателот, ниту ќе чуе. Сакам тоа јасно да го кажам и нема да дозволам тоа да биде предмет на злоупотреба. Честта на Претседателот е честта на Претседателот на Репубика Турција и честта на мој пријател, честта на неговото семејство е чест на моето семејство. Неговото семјство е мое семејство. После ова не сакам никој да се обиде да внесе недоразбирања меѓу нас”.