Ekipa
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во склад со процедурите и прописите ќе биде разгледано прашањето за враќање на сила на смртната казна поради процесуирање на одговорните за обид за државен удар кој во петокот го изведе група на припадници на турските вооружени сили лојални на терористичката организација Фетулахџи/ Паралелна структура (ФЕТО/ПДЈ), јавува Anadolu Agency (AA).
Денес во Турција се одржуваат комеморации и погреби на загинатите во спречување на државниот удар во петокот вечерта, а претседателот Ердоган присуствуваше на погребот на професорот Невзат Невзат Јачинташ кој беше организиран пред истанбулската џамија Фатих.
Ердоган им се обрати на присутните и истакна дека сите жртви кои ги го дадоа својот живот за да ги запрат пучистите во нивните намери имаат посебно место, вклучувајќи го и професорот Јалчинташ кој беше меѓу оснивачите на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти).
Во текот на говорот на Ердоган, собраните граѓани извикуваа „Сакаме смртна казна", на што претседателот на Турција рече дека во демократскиот свет не е можно на страна да се оставаат барањата на народот.
„Ваше е правото тоа да го барате. Тоа барање ќе биде разгледано во надлежните институции и во склад со уставот ќе биде донесена одлука. Ние и до сега емоциите ги држевме на страна,а при носењето одлуки илјада пати размислувавме, а еднаш одлучувавме. И сега на ист начин ќе постапуваме и ќе направиме позитивен чекор", рече Ердоган.
Собраните потоа извикува „освета", а Ердоган реагираше и на таа порака рече дека Турција никогаш не била осветувачка земја.
„Браќа, немојте да заборавиме дека ние никогаш не сме биле осветници. Најголемата освета е од Господ. Ние во овој момент не можеме да постапуваме по тој слоган, туку мораме да размислуваме како паметни луѓе и да донесуваме одлуки. На крај, најдобриот одговор на пучистите на терористичката организација Фетулахџи им го даде народот со својата реакција и волја. Најдобриот одговор им го даде мојот народ", рече Ердоган.
Нагласувајќи дека турските правосудни и безбедносни институции работат на истрагите и процесуирање на одговорните, Ердоган рече дека Турција се чисти од „вируси" на терористичката организација ФЕТО која ги зафати сите делови на организмот на државата.
Ердоган рече дека по последниот потег на терористичката организација која ја води Фетулах Ѓулен не постои место на кое терористите можат да избегаат и да се сокријат од раката на правдата.
Читајќи ги имињата на загинатите во текот на спречување на обидот за пуч, Ердоган ги повиќа турските граѓани да продолжат да дадат поддршка на турската држава.
„Особено е важна оваа недела. Нема да ги напуштаме плоштадите кои вие ги наполнивте. Нема место за опуштање. Не е ова операција која може да се заврши за 12 часа. Решително го продолжуваме својот пат", заклучи Ердоган.