Турција

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу: „Израел ќе одговара“

„Доколку Израел не одговара за теророт кој го спроведува, тогаш неговата несовесност постојано ќе се зголемува. Затоа Израел ќе одговара...“

Oktay Özden  | 22.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Шефот на турската дипломатија Чавушоглу: „Израел ќе одговара“

Antaliya

АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска во Анталија изјави дека Израел мора да одговара за теророт кој го сее над Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).

„Доколку Израел не одговара за теророт кој го спроведува, тогаш неговата несовесност постојано ќе се зголемува. Затоа Израел ќе одговара“, истакна Чавушоглу.

Тој на свеченост во Мангават, Анталија, се осврна на доставеното досие за масакрите на Израел до Меѓународниот кривичен суд од страна на министерот за надворешни работи на Палестина, Ријад ел-Малики.

„Денеска министерот за надворешни работи на Палестина, Ријад ел-Малики, пред Меѓународниот кривичен суд ги достави злоделата што ги изврши Израел. Ќе го следиме тоа“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.